Гласините за она што се случувало во позадина со Емилијано Сала и понатаму се актуелни.
Емилијано Сала трагично го загуби животот во авионската несреќа на 21-јануари на летот од Нант кон Кардиф. После двонеделната истрага неговото тело беше пронајдено во остатоците од авионот на дното во англискиот канал. После обдукцијата беше утврдено дека Сала починал од повреди на главата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За да се реализира трансферот помагале Вили Мекеј и неговиот син Марк. Трансферот беше најскап во историјата на Кардиф, 17 милиони евра. Мекеј и понатаму продолжува да го обвинува Кардиф за она што се случило.
„Емилијано Сала беше приморан сам да си го организира летот. Беше препуштен сам на себе во пронаоѓањето на хотел во Нант и лет. Мислам дека Кардиф чуствува непријатност, како и одредена доза на вина. Срамота“, порача Вили Мекеј за „Би-Би-Си“.
Meѓутоа оваа изјава на Мекеј „паѓа“ во вода откако денес се појави нова фотографија од разговорот помеѓу Сала и Пи-ар службата на Кардиф.
Во разговорот Кардиф јасно му нуди на Сала превоз до Нант.
ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР ПОМЕЃУ НАНТ И КАРДИФ
Кардиф: Имаш опција Кардиф – Париз
Сала: Во ред е пријателе, имам лет утре за Нант и назад за Кардиф во понеделник вечер. Вили МекКеј ми се јави
Кардиф: Во ред пријателу, дали се договори за цената?
Сала: Да, цената е добра, ќе зборуваме утре пред да го напуштам Нант
Кардиф: Тоа е во ред, кога ти е летот?