Дома Останати Авто Мото Мекларен и Хонда раскинуваат?

Мекларен и Хонда раскинуваат?

Мекларен ќе ја раскине соработката со Хонда, пренесуваат британските медиуми. Според „Скај спорт“, Мекларен во текот на оваа недела би можел да ја објави одлуката повеќе да не соработува со Хонда.

Истиот извор наведува дека Шпанецот Фернандо Алонсо и во иднина ќе остане во британскиот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како Алонсо, така ни Стофел Вандорн не ја заврши вчерашната трка за Големата награда на Италија, која се возеше во Монца, а на која победи Луис Хамилтон.

Алонсо во изминатиот период неколку пати јавно го искажа своето незадоволство од моторите што Хонда му ги испорачува на Мекларен.

„Скај спорт“ исто така нагласи дека минатата недела челниците на Мекларен имале неколку состаноци со луѓето од Рено. Француската компанија сезонава со мотори снабдува три тима во Формула 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…