Дома Трансфер зона Медиумите тврдеа дека трансферот е блиску до реализација – сега се огласи агентот на Осимен!

Медиумите тврдеа дека трансферот е блиску до реализација – сега се огласи агентот на Осимен!

Иднината на Нигериецот Виктор Осимен се уште не е решена, тој и Наполи сакаат да пронајдат решение за неговата ситуација. Се поврузваше Осимен со клубови како: Арсенал, ПСЖ и Челзи, меѓутоа време има се помалку.

Како последна опција се појави Саудиска Арабија од каде што наводно Наполи прифатил 65 милиони евра. Но, Осимен не сакал трансфер во ова првенство.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Со интересна изјава во медиумите ставот на Осимен го потврди неговиот агент, Роберто Календа.

„Осимен не е пакет кој ќе биде испратен далеку од дома кога ќе дојдат нови имиња. Виктор има уште многу што да покаже во Европа. Во овој момент е фудбалер на Наполи и неодамна потпиша договор кој е добар за двете страни. Минатата година кога имаше високи понуди, ни ја прифативме одлуката. Осимен беше избран за најдобар во Арика и осми во изборот за „Златната топка“. Мора да има респект и баланс“, изјави Календа.

Договорот кој го има Осимен со Наполи е со важност до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …