Дома Топ вести Медиумите тврдат: Еден од најдобрите голмани во светот во јануари станува и најскап!

Медиумите тврдат: Еден од најдобрите голмани во светот во јануари станува и најскап!

Веќе некое време се пишува за ова, а изгледа дека трансферот е поблиску од било кога.

Одличниот голан на Атлетико, Јан Облак уште во првите денови на јануари би требало да се пресели на „Паркот на Принцовите“. Приказната ја напиша мадридскиот „AS“, а ја пренесуваат и многу шпански и француски медиуми. Еден од најдобрите голмани во светот така својот 25. роденден, кој ќе го прослави на 7. јануари би требало да го дочека во Париз.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Словенецот во 2014. пристигна за 16 милиони евра од Бенфика и така стана најскапиот голман кој пристигнал во Примера. Сега би требало да стане и најскап во светот досега. Потсетуваме, тој на почетокот на минатата година го продолжи договорот со Атлетико до 2021. со клаузула од 100 милиони евра, а сега ПСЖ е подготвен да ја активира клаузулата.


Споменатиот весник тврди дека ПСЖ му нуди на Атлетико за замена пари и двајца играчи: голманот Кевин Трап и Хавиер Пасторе. Доколку оваа трампа не се случи, Парижаните се подготвени да платат и 100 милиони евра, но секако доколку Облак се согласи да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…