Дома Трансфер зона Медиумите во Италија тврдат: Мурињо ја следи ѕвездата на Серија А!

Медиумите во Италија тврдат: Мурињо ја следи ѕвездата на Серија А!

mourinho

Жозе Мурињо е во потрага по засилување во средниот ред и човек кој ќе му биде партнер на Пол Погба.

Како што пренесува „Кориере Дело Спорт“, „Спеацијалниот“ испратил скаути да го следат настапот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во натпреварот помеѓу Сампдорија и Лацио.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај тоа во текстот на новинарот за реномираниот спортски весник се наведува и дека на следниот натпревар на Лацио ќе присуствуваат и луѓе  од Манчестер Сити.

Скаутот на Мурињо имаше и што да види. Савиќ во натпреварот против Сампдорија постигна еден гол и запиша една асистенција. Освен тоа, Србинот оваа сезона во Серија А успеа да добие дури 104 дуели и по тој сегмент е најдобар во Серија А.

Лацио за Сергеј бара сума помеѓу 80 и 100 милиони евра, но сигурно нема да го пушти до лето. За неговата судбина веројатно ќе се одлучува по Светското првенство наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…