Дома Трансфер зона Медел со порака до Санчез: Дојди во Интер!

Медел со порака до Санчез: Дојди во Интер!

Иднината на Алексис Санчез е главна тема во спортските медиуми со оглед на фактот што Чилеанецот сеуште нема потпишано нов договор со Арсенал.

Неодамна англиските медиуми пренесоа дека Санчез донел конечна одлуча и на крајот на сезоната дефинитивно ќе го напушти Арсенал.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Неколку европски гиганти се силно заинтересирани за неговиот потпис, меѓу кои и Интер, па неговиот сонародник Гари Медел јавно го покани Санчез да му се придружи на „Џузепе Меаца“.

„Алексис е играч кој сите го сакаат. Тој е еден од напаѓачите кој сите топ клубови го следат. Не знам каква ќе биде неговата иднина, ама ако бара информации за Интер ќе му кажам дека имаме одлична екипа, добар тренер и директори кои се гладни за победи. Ваков проект тешко дека ќе најде на друго место“, истакна Медел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо му поставил услов на Перез, доаѓа во „пакет“ со ѕвезда од 100 милиони

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…