Максимален договор за српскиот кошаркар во Денвер.
Никола Јокиќ постигна договор со Денвер! Србинот ќе потпише нов дговор на пет години, вреден 146.5 милиони долари со што ќе стане најплатениот српски спортист во историјата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денвер избра ова лето да не ја искористи опцијата според која Јокиќ би останал уште една година за 1.6 милиони долари, а потоа да стане слободен играч. Место тоа тие одлучија Јокиќ да потпише нов договор кој ќе го врзува со овој клуб во наредните пет години.
Јокиќ така ќе стане еден од најплатените кошаркари во светот и дефинитивно најплатен српски спортист на сите времиња со заработко од скоро 30 милиони годишни. Ниту Ѓоковиќ не заработуваше толку сума годишно, ако се сметаат само турнирите.