Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе сериозно размислува за својата иднина во тимот на „светците“, пренесува „Екип“.
Мбапе минатото лето потпиша нов договор со ПСЖ, а првично беше соопштено дека договорот е за три години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, во последните недели беше откриено дека само првите две сезони се задоволжителни, а третата година ќе биде условена.
Токму тоа е објект на размислување, бидејќи Мбапе до крајот на јуни треба да даде одговор дали ќе ја потпише како задолжителна и третата година. Во спротивно, ќе му остане само една година од договорот и ПСЖ ќе биде отворен за негова продажба.
Доколку неговиот договор остане до 2024 година, тогаш неколку европски гиганти, пред се Реал Мадрид, ќе тргнат по неговиот потпис.
🗞️ La une du journal @lequipe du mercredi 24 mai
— L'ÉQUIPE (@lequipe) May 23, 2023
Lire l'édition à partir de 00h30 sur votre site > https://t.co/cNWb8X8tHF pic.twitter.com/yrF941iKCl