Дома Фудбал Останато Мбапе: Понекогаш мислам дека се ова е само еден голем сон!

Мбапе: Понекогаш мислам дека се ова е само еден голем сон!

Килијан Мбапе денес го прославува 19-от роденден, а позади него е навистина година од соништата.

Мбапе со Монако стана шампион на Франција, а потоа се пресели во ПСЖ каде игра заедно со Нејмар и стана втор најскап фудбалер на сите вемиња.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Младиот Французин во разговор за „Франс Фудбал“ раскажуваше за своите почетоци и призна дека сето ова му изгледа како сон.

„Првиот ден кога клубот ме претстави се беше нестварно. Бев во некоја друга димензија. На пресконференцијата имав чувство дека сум рок ѕвезда која има концерт и сите обожаватели на светот дошле за мене“, раскажува Мбапе.

„Иако се занимаваме со сериозна работа, јас се уште се забавувам и со радост го играм секој натпревар. Не можам да го замислам мојот живот без фудбал. Секогаш кога одам на тренинг сум супер расположен. Понекогаш се плашам дека сонувам и дека е се ова само еден сон“.

„Имам некои планови за во иднина, но бидејќи ништо од тоа што планирав не се оствари, и постигнав многу повеќе од тоа што планирав, тешко ми е да замислам каде ќе бидам за две години“, истакна Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…