Дома Топ вести Мбапе побарал продажба на Нејмар и ја пикирал неговата замена

Мбапе побарал продажба на Нејмар и ја пикирал неговата замена

Килијан Мбапе вчера потпиша нов договор со ПСЖ и така стана најплатен фудбалер во светот.

Мбапе се согласи да остане во ПСЖ до 2025 година, а покрај богатството што ќе го добие, тој ќе има централна улога во клубот и ќе може да одлучува за трансфери и избор на тренер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како што пренесува еминентниот новинар Серхио Сантос, Мбапе веќе ги дал првите инструкции.

Имено, тој побарал ПСЖ да го продаде Нејмар и на негово место да го донесе Осман Дембеле.

Дембеле е голем пријател со Мбапе, а неговиот договор со Барселона истекува на лето и тој е слободен агент.

„Светците“ ќе му ја исполнат желбата и наскоро ќе започнат преговори со Дембеле, но  не е познато дали ќе се согласат за продажба на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…