Само неколку месеци после помпезното потпишување на нов договор Килијан Мбапе сака да го напушти Пари Сент Жермен.
Оваа вест како „бомба“ одекна денес низ цела Европа, а ја пренесува шпанска „Марка“, која тврди дека Мбапе се кае што одлулич да остане во Париз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Мбапе му била ветена поголема слобода и да биде носител на играта при потпишување на договорот, па сега е разочаран и незадоволен од работата на тренерот Галтие.
Ѕвездата на ПСЖ бара трансфер во јануари и веќе го известил раководството дека сака по секоја цена да си замине од клубот.
Негова прва опација е Реал Мадрид, но ПСЖ сака да избегне продажба во кралскиот клуб со оглед на фактот дека Флорентино Перез и Насер Ал-Келафи се во многу лоши односи. Медиумите тврдат дека поради тоа ПСЖ е спремен да го пушти во Ливерпул.
Доколку Мбапе замине, ПСЖ ќе ја активира откупната клаузула на Рафаел Леао која изнедува 150 милиони евра.
🚨 Kylian Mbappé wants to leave PSG in January.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 11, 2022
(Source: @MarioCortegana) https://t.co/UjGJawrp4M