Килијан Мбапе синоќа со ПСЖ го освои трофејот во францускиот Куп, но главна тема во медиумите е неговата иднина.
Мбапе се уште нема потпишано нов договор со „светците“, па се погласни се шпекулациите за негов трансфер во Реал Мадрид.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Французинот по мечот одби да зборува за својата иднина, но не го криеше задоволството што ќе може да игра со Бензема во репрезентацијата.
„Дали ќе бидам тука и следната година? Ќе видиме, во овој момент е важно само едно нешто. Сите сме среќни и сакаме да уживаме во прославата. Прославата на титулата е најважна за сите нас во овој момент“, изјави Мбапе.
„Многу сум среќен за враќањето на Бензема, отсекогаш сум велел дека сакам да играм со најдобрите играчи во светот. Нема многу играчи подобри од Бензема во светот. Тој ќе ни донесе голем плус во селекцијата. Тој е во Реал повеќе од 10 години, добро знае што е притисок, има искуство и пред се голем фудбалски талент“, додаде Мбапе.