Иднината на Килијан Мбапе е главна тема, откако сите европски медиуми информираа дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ.
Мбапе му соопштил на раководството на ПСЖ дека нема намера да го продолжи договорот, а „Паризиен“ излезе со детали.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, весникот тврди дека Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид и дека „кралевите“ за понудат од 150 милиони евра ќе го донесат ова лето.
На ова се огласи Мбапе и јавно демантираше, при што потврди дека и следната сезона ќе игра во ПСЖ.
„Лаги. Колку лагата е поголема, толку подобро поминува. Како што кажав, ќе продолжам и следната сезона во ПСЖ, каде што сум среќен“, напиша Мбапе на веста на „Паризиен“.
MENSONGES…❌
— Kylian Mbappé (@KMbappe) June 13, 2023
En même temps plus c’est gros plus ça passe. J’ai déjà dis que je vais continuer la saison prochaine au PSG où je suis très heureux. https://t.co/QTsoBQvZKU