Дома Топ вести Мбапе го возвраќа ударот: Сега тој ќе тужи!

Мбапе го возвраќа ударот: Сега тој ќе тужи!

Во изминатите денови Килијан Мбапе е во центарот на вниманието поради големиот скандал во кој шведските медиуми пишуваа дека фудбалерот учествувал во силување.

Мбапе во краткиот одмор се појави во Стокхолм откако не беше на располагање за репрезентацијата поради повреда.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Французинот веднаш се огласи и преку социјалните мрежи тврдеше дека станува збор за „лажни вести“, меѓутоа подоцна стана јасно дека не се само медиумски пишувања. Пријава е потврдено дека постои и полицијата постапува под истата, исто така направен е претрес во собата во кој престојувал Мбапе со неговите пријатели.

Детали од истрагата засега не се откриваат и се очекува да бидат објавени во наредните денови. Во меѓувреме адвокатскиот тим на Мбапе започнал да се заканува со тужби за шведските медиуми кои пишуваат за овој случај. Тие тврдат дека се нарушува угледот и честа на Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во „Билд“ убедени: Знаат што ќе се случи со Винисиус!

Германскиот БИЛД тврди дека Реал Мадрид има намера да го продаде Винисиус претстојното лет…