Дома Фудбал Италија Мајсторите за трансфери потфрлија: Јувентус ова лето скоро ништо не погоди!

Мајсторите за трансфери потфрлија: Јувентус ова лето скоро ништо не погоди!

Управата на Јувентус изгледа од поодамна немала полош преоден рок од последниот.

Јувентус се уште не изгубил оваа сезона и е втор на табелата (со победа денес против Лацио ќе се врати на врвот), веќе се во топ 16 фазата во Лигата на шампионите, но и покрај сето ова кај дел од навивачите владее незадоволство поради играта. Имено, од Сари се очекуваше повеќе овој Јувентус на многумина им личи на оној на Алегри.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина веруваат дека проблемот настанал во текот на летото бидејќи Партичи одработил лош преоден рок.

Играчите кои го доведоа без оштета, Рабио и Рамзи не успеаа да се наметнат, првиот долго беше „заледен“ во Париз, Велшанецот пак никако не успева да се опорави од повредата. Данило пристигна како „кусур“ за Кансело и не е прв избор, Квардадо и Де Шиљо добиваат шанса пред него. Демирал многу покажа во текот на припремниот период, но сезонава не добива премногу прилика за игра.

Најскапото засилување од ова лето, Де Лихт се уште се навикнува и засега не е на нивото на кое се очекуваше да биде. Прашање е дали ќе беше стандарден ако не се повредеше Киелини на стартот од сезоната. Повратникот Буфон беше виновен за голот против Сасуоло и кај медиумите во Италија кои повеќе го следат Јувентус преовладува мислењето дека можеби подобро ќе беше Перин да останеше втор голман.

Како најдобар потег засега изгледа враќањето на Игуаин од позајмица.

Но, тука клубот нема некоја заслуга. Јувентус правеше се да се ослободи од него, меѓутоа Аргентинецот беше упорен и остана во Торино, а сега прикажува одлични настапи. Може да се спомене и Дибала кој исто така сам инсистираше да остане. Всушност играчите кои не беа пожелни од страна на клубот во текот на летото (Дибала и Игуаин) се фудбалерите кои покажаа најмногу во досегашниот дел од сезоната.

Е, сега тука постои и друга страна – Јувентус не игра добро, но победува и ако продолжи со добрите резултати сите условно кажано промашувања ќе бидат заборавени. Секако и оваа сезона главна цел е Лигата на шампионите, а кој знае можеби Сари калкулира и ги чува силите за најважниот дел од сезоната. Како и да е времето ќе покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…