Откако францускиот „Ле Паризиен“ објави дека Килијан Мбапе се согласил да ја продолжи соработката со ПСЖ за нови две години, мајката на Французинот се огласи и демантираше.
„Немаме договор. Засега ситуацијата е таква што ние немаме договор ниту со ПСЖ, ниту со кој било друг клуб (Реал Мадрид)“, изјави Фајза Ламари, мајката на Мбапе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според најавите на „Ле Паризиен“, ПСЖ му понудил 50 милиони годишна плата, плус неверојатен бонус од 100 милиони евра при потпис на договорот.
Инаку договорот на Мбапе завршува во јуни, тој е слободен играч, а „Марка“ и понатаму тврди дека Реал е негов прв избор и дека 23-годишниот Французин има договор со „кралевите“.