16-тото коло во Премиер лигата го донесе големото дерби помеѓу Челзи и Манчестер Сити.
На крајот се радуваа избраниците на Маурицио Сари со резултат од 2:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Сити доминираше уште од самиот старт. Се редеа прилики пред голот на Аризабалага, но изостануваше реализацијата.
Казната тимот на Пеп го стигна во финишот од полувремето. Педро испрати одлична долга топка која стигна до Азар, а Белгиецот испрати одлична повратна топка која стигна до Канте, Французинот не погреши и испрати силен удар под пречката.
Во второто полувреме гледавме Челзи заигра нешто подобро, но повторно поседот на топка беше на страната на Сити.
Точка на натпреварот стави Давид Луиз во 78-та минута после одлично изведениот корнер на Азар.
Овој пораз на Сити значи и дека Ливерпул го превзема врвот на Премиер лигата после ова коло. Покрај тоа „црвените“ остануваат единствениот непоразен тим помеѓу најсилните на Островот.
KANTE GOAL! Hazard assist!! CMON pic.twitter.com/4XoAgxj3t4
— CM (@CFCJorg) December 8, 2018
?? [#PREMIERLEAGUE] GOAL FOR CHELSEA
78' DAVID LUIZ
CHELSEA 2-0 MANCHESTER CITY#CHEMCI #chelseamancity pic.twitter.com/8VNXgIAmwG
— Goal Sharer (@SharerGoal) December 8, 2018