Ако се суди според пишувањето на италијанските медиуми, Маурицио Сари на крајот од сезоната ќе се раздели со Наполи.
Во последно време на Апенините многу се шпекулира дека овој 59 годишник на крајот од сезоната ќе ја промени средината, а судејќи според последните случувања негова наредна дестинација би можел да биде Монако.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Клубот од Кнежеството на крајот од сезоната многу веројатно ќе остане без тренер бидјќи според најавите Леонардо Жардим се сели во Англија.
Сари во својот договор со Наполи има откупна клазула од осум милиони евра, се пишува и дека и Монако е спремен да му понуди двојно поголема плата за да прифати да се пресели во Кнежеството.
Да потсетиме, Сари на клупата на Наполи е од 2015 година откако претходно три сезони работеше во Емполи.