Дали ова е засилувањето кое Масимилијано Алегри толку го чекаше?
Фудбалскиот клуб Јувентус во финишот од преодниот рок ќе се обиде да го доведе Ренато Санчез од Баерн Минхен, како позајмен фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми, „старата дама“ сака да ги искористи добрите односи со Германците за да го доведе младиот Португалец.
Баерн би го пуштил Санчез на позајмица, но само доколку во клубот каде што преминува му е обезбедено место во првиот тим и без можност тој да биде откупен наредното лето.фуд
Јувентус и понатаму се надева дека би можел да доведе големо засилување за наредната сезона и така дополнително да ја засили конкуренцијата во средниот ред иако веќе го доведе Блез Матуди од ПСЖ.
Да потсетиме, Санчез во Баерн пристигна минатото лето од Бенфика за 35 милиони евра, но сепак не се докажа во својата прва сезона.