Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ се надева дека следната сезона за неговиот клуб ќе биде поуспешна од претходната.
Во изјава за клупскиот сајт Матиќ изјави дека клубот мора да освои барем еден трофеј наредната сезона, за разлика од претходната во која не освоија ништо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Оваа сезона мораме да се бориме за секој трофеј и конечно да освоиме нешто затоа што ни е потребен тој еден трофеј. Најважната работа е што се гледа напредок во нашиот тим, играме се подобро и подобро. На секоја позиција имаме два или три големи играчи. Сите мораме да бидеме позитивни, но главната цел е освојување на трофеј“, изјави Матиќ.
На крајот српскиот фудбалер потенцираше и дека од сите трофеи најмногу би му значел оној во Премиер лигата.
💬 @NemanjaMatic is desperate to experience that trophy-winning feeling at Old Trafford! 🏆#MUFC #InsideUnited
— Manchester United (@ManUtd) August 10, 2021