Дома Трансфер зона Матиќ може да го напушти Јунајтед во јануари, позната и следната дестинација?

Матиќ може да го напушти Јунајтед во јануари, позната и следната дестинација?

Немања Матиќ изгледа многу веројатно ќе ја промени средината во текот преодниот рок кој следи.

Матиќ падна во втор план оваа сезона на „Олд Трафорд“ и се очекува да ја смени средниот ред во јануарскиот преоден рок. Матиќ стартуваше само на два натпревари во Премиер лигата, а последен пат играше во ремите без голови со АЗ Алкмар во Лигата на Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мектоминеј и Фред добиваат шанса пред него во ротацијата, се очекува и враќање на Погба, младиот Гарнер добива се повеќе шанса и станува јасно дека за Матиќ нема многу простор за игра.

„Гардијан“ пренесува дека Матиќ би можел да си замине во јануари, а како негова наредна дестинација се споменува Италија.

Градските ривали покажаа интерес за Интер и Милан.

Договорот на Матиќ со Јунајтед му истекува на крајот на тековната сезоната. Јунајтед има можност да ја продолжи соработката на уште една година. Таа опција би можела да се искориси за да се зголеми цената на српскиот играч за врска.

Милан никако не успева да излезе од кризата и секако дека фудбалер како Матиќ ќе биде добредојден за нив, Конте од друга страна бара играчи и ќе му бидат потребни ако сака до крај да остане конкурентен на Јувентус за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…