Златан Ибрахимовиќ денес е главна тема во италијанските медиуми откако откри дека чекал 4 години за да му се одмазди на Матераци.
Ибрахимовиќ цели 4 години чекал да го „повреди“ Матераци и тоа го наптрави во сезоната 2010/11 кога со теквондо удар го испрати во болница.(види ОВДЕ)
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не се чекаше долго на одговор од Матераци, па дефанзивецот го потсети дека со неговото напуштање на Интер, „нероаѕурите“ ја освоија Лигата на шампиони и иронично му се заблагодари на тоа.
„Дојдов…Видов…Победив. Во секој случај, ти благодарам Ибрахимовиќ. Без тебе никогаш немаше да ја освоиме Лигата на шампионите“, напиша Матераци на Инстаграм со фотографија од освојувањето на најпрестижниот трофеј.