Дома Фудбал Матераци за случајот Зидан по 18 години: Таа епизода не требаше да се случи

Матераци за случајот Зидан по 18 години: Таа епизода не требаше да се случи

Легендарниот италијански дефанзивец Марко Матераци по 18 години во интервју за „Тајмс“ ги опиша деталите од митската сцена кога во продолжението на финалето на Светското првенство во Германија во 2006 година, беше удрен со глава од Зинедин Зидан.

По кратка вербална пресметка со Италијанецот, францускиот капитен ги загуби нервите и со глава го удри италијанскиот стопер, кој како покосен падна на тревникот. Зидан веднаш беше исклучен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не ми се допаѓа бидејќи тоа што се случи не се совпаѓа со мојата кариера. Таа епизода не требаше да се случи. Во жарот на тензијата на тоа финале, среде сите тензии и навреди, дојде Зидан до мене и ми го понуди својот дрес да го земам.

Реков дека не ми треба дресот, дека повеќе би сакал да ја земам неговата сестра. Потоа се сврте и го направи она што сите го паметат. Никогаш повеќе не го видов Зидан после тоа“, рече Матераци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк се извини на навивачите на Ливерпул

Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк се извини на навивачите за настапот на тимот против …