Дома Фудбал Маскерано шокира: Успешниот период на Барса е при крај!

Маскерано шокира: Успешниот период на Барса е при крај!

Во мометот кога Барса е лидер на табелата во Примера со дури 8 бода пред најголемиот ривал Реал Мадрид, фудбалерот на Каталонците Хавиер Маскерано даде шокантна изјава.

Имено, искусниот Аргентинец е сигурен дека успешниот период на каталонскиот клуб е при самиот крај.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Успешниот период на Барселона е при самиот крај, сигурен сум во тоа. Се уште крајот не е дојден, но е многу блиску. Знам кога точно ќе заврши се, но нема да ви кажам.Така се случува со секој успешен клуб. Постојат цуклуси и ништо не може да биде вечно“, тврди Маскерано.

Маскерано неодамна најави дека има намера за брзо да го напушти „Камп Ноу“, иако има договор за уште една сезона.

Според каталонскиот весник „Спорт“, 33-годишниот Аргентинец добил богата понуда од Кина и планира да ја прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна грешка во Лигата на шампионите. Погледнете како Ренџерс прими гол

Клуб Бриж оствари значаен чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите, откако во првио…