Хавиер Маскерано и даде рок на Барселона од три дена да одлучи дали го посакува во клубот или не и под кои услови, пишува „Мундо Депортиво“.
Аргентинецот кој беше еден од столбовите на Барселона во претходниот период беше фрустриран од фактот што во првиот дел од сезоната често остануваше на клупата за резерви, но и без минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму тоа најмногу го загрижува и многу лесно би можел да остане без место во првите 11 на Аргентина за Мундијалот кој ќе се игра наредната година во Русија.
Маскерано во Барселона настапува веќе седум годин и беше многу заслужен за успехот на Каталонците. Кариерата во Европа ја започна во Вест Хем, а најмногу се истакна во Ливерпул на позицијата последен играч за врска.
Во Барселона често пати играше како централен дефанзивец, а токму тука би можел да ја добие својата шанса со оглед дека се повреди Самуел Умтити и ќе биде надвор од терените два месеци.
Минутажата на Светското првенство кое за него ќе биде последно во кариерата во овој момент му е најважната работа и не сака да ризикува.
Аргентинецот има понуда од Кина и фудбалерот и соопштил на Барселона дека сака да донесе одлука веќе до крајот на оваа недела.