Напаѓачот на Наполи, Дрис Мартенс смета дека неговата цена на трансфер пазарот е премногу ниска.
Кариерата на Мартенс напредуваше откако се повреди полскиот напаѓач Аркадиуш Милик минатата година и тогаш Мартенс беше префрлен на позицијата на централен напаѓач и прерарсна во еден од најдобрите фудбалери на Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, неговата откупна клазула изнесува само 28 милиони евра, а Мертенс смета дека тоа е премногу ефтино.
„Станав премногу ефтин! Каде можете да најдете фудбалер кој постигна 28 погодоци во Серија А и вреди 28 милиони евра?“, изјави Мартенс и додаде:
„Знам дека не сум Лео Меси или Кристиано Роналдо. Не се гледам себе си како фудбалер од светска класа. Играта на Наполи е перфектна за мене. Тука секогаш ќе постигнувам погодоци. Вистина е дека во текот на летото преговарав за откупна клазула. Минатата зима имав одлична понуда од Кина. Но не сакав да заминам и Наполи не сакаше да се откаже од мене. Но, што ако повторно пристигне таква понуда? Поради тоа сакам откупна клазула во мојот договор. За Кинезите 28 милиони евра не е голема сума, на крајот Нејмар направи трансфер до 222 милиони евра, во денешнит фудбал 28 милиони евра не претставуваат ништо“, заврши Мартенс.