Дома Трансфер зона Марсијал ги стопира преговорите за нов договор, Јуве и Милан сакаат да го „украдат“

Марсијал ги стопира преговорите за нов договор, Јуве и Милан сакаат да го „украдат“

Англиските медиуми пренесуваат дека францускиот напаѓач ги стопирал преговорите со Манчестер Јунајтед за нов договор, нешто што и тоа како ги загрижува челниците на клубот од „Олд Трафорд“.

Договорот на Марсијал истекува на крајот на сезоната, „црвените ѓаволи“ одбија да го продадат ова лето, па сега голема е веријатноста да го загубат напаѓачот без обештетување.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Французинот не е задоволен од својот статус во тимот, а освен тоа е во конфликт со менаџерот Жозе Мурињо, откако беше и казнет со 180.000 фунти поради доброволно заминување по раѓањето на своето дете.

Поради тоа Марсијал ги стопирал преговорите околу новиот договор се додека не дознае што ќе се случува со Мурињо.

Целата ситуација будно ја следат италијанските гиганти Милан и Јувентус кои се спремни да го донесат напаѓачот следното лето во своите редови и тоа без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…