Дома Трансфер зона Марсело му ја соопшти на Реал својата одлука!

Марсело му ја соопшти на Реал својата одлука!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело донел конечна одлука за својата иднина и решил да остане на „Сантиаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако Зидан се врати на клупата на „кралевите“, Марсело ги промени плановите и му соопштил на раководството дека сака да остане во Мадрид.

Марсело имаше многу лоша сезона со претходните двајца тренери и го загуби местото во стартниот тим, па се погласни беа шпекулациите дека ќе го напушти Реал Мадрид.

„Марка“ пренесува дека и покрај останувањето на Бразилецот, од Реал имаат намера да донесат уште еден лев бек ова лето кој ќе биде алтернатива за Марсело.

Прва цел на Зинедин Зидан за таа позиција е левиот бек на Лион, Ферлан Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…