Дома Фудбал Италија Марко Барони нов тренер на Николов во Лече

Марко Барони нов тренер на Николов во Лече

Бобан Николов има нов тренер во италијанскиот второлигаш Лече.

На местото на Еугенио Корини дојде Марко Барони. Барони со Лече потпиша договор на една година со опција да ја продолжи соработката. Во минатото Барони го носеше дресот на Лече од 1987 до 1989 година.

Пред неколку дена се пишуваше и за продолжување на договорот на Николов со Лече. Во јануари тој потпиша договор на шест месеци со опција да се продолжи на три години. Според најавите на „Газета“ договорот на Лече треба да биде продолжен пред Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи со нови сили против Виљареал во ЛШ

Наполи со засилено средиште ќе се соочи со Виљареал во Лигата на шампионите, каде што Гилм…