Дома Топ вести „Марка“ удри по Зидан и Раул: Клубот мора да реагира

„Марка“ удри по Зидан и Раул: Клубот мора да реагира

Бразилецот Родриго Гоес стигна во Реал Мадрид летово за 45 милиони евра од Сантош како фудбалер, кој требало да биде стандарден дел од напаѓачката комбинација на „кралевите“, но тоа не се случи.

Поради повреди, а и поради Зинедин Зидан и Раул, како тренери на првиот и вториот тим на Реал не го гледаат во своите планови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„На кој му треба фудбалер за да го пополни списокот за натпреварите, го префрла Родриго во својот тим, но тој никогаш не игра. Зидан го повика во мечот против Леванте и го остави на клупата“, пишува шпанска „Марка“.

Родриго беше повикан и за мечот против ПСЖ во Лигата на шампиони, но исто така не доби шанса.

„Марка“ повикува клубот веднаш да реагира и да го испрати Бразилецот на позајмица во јануари, за да може да собира искуство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Алкараз: Елиминиран во четвртфиналето во Мајами!

Григор Димитров приреди големо изненадување на турнирот во Мајами откако во два сета успеа…