Реал Мадрид е во напредни преговори со играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба, пренесува мадридскиот весник „Марка“.
Весникот тврди дека преговорите помеѓу Реал и агентот на Алаба се одвиваат многу добро и најверојатно играчот ќе ја продолжи кариерата на „Сантиаго Бернабеу“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Агентот на Алаба, Пини Захави има одлични односи со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а и самиот играч преферира преселба во Мадрид.
Алаба влезе во последната година од договорот со Баерн и неодамна двете страни ги прекинаа преговорите за продолжување на соработката.
За Алаба интерес покажуваат многу европски гиганти, но Реал победил во трката и ќе потпише преддоговор со играчот во јануари.