Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо од 1-ви јануари ќе стане нов играч на Саудиска Ал Наср, ексклузивно пренесува „Марка“.
Договорот ќе биде потпишан на две и пол сезони, а платата на Роналдо ќе биде околу 200.000.000 долари, што значи дека, доколку се испочитува соработката до крај, ќе инкасира над половина милијарда долари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо на два дена пред почетокот на Светското првенство го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и слободно можеше да преговара со која било екипа.
Како што пренесува „Марка“, Ал Наср бил најконкретен од првиот момент, саудискиот принц направил се за да го донесе и изгледа успеал.
Португалецот ќе стане најплатениот спортист во светот досега, а неговиот договор со Ал Наср вклучува бројни претстојни реклами.