
После полуфиналето помеѓу Реал Мадрид и Челзи многу се пишува за заминување на Еден Азар.
Белгискиот фудбалер беше дочекан пред две години како голема ѕвезда, на претставувањето го поздравија повеќе од 50.000 луѓе, неговиот трансфер Реал го плати 100 милиони евра, а сега е вишок.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Марка“ наведува дека клубот го изгубил трпението и поради повредите на Азар. Како „шлаг на тортата“ дошла неговата забава со поранешните соиграчи во полуфиналето од Лигата на шампионите по елиминацијата на Реал.
Во преостанатите натпревари Реал од Азар очекува допринос во борбата за титулата во Ла Лига, но тоа веројатно нема да влијае на неговиот статус во клубот. Цената на Азар „Трансфермаркт“ ја оцени со 150 милиони евра пред да дојде во Реал денес таа изнесува 40 милиони евра и „Марка“ проценува дека тоа е и сумата за која „кралевите“ се спремни да го продадат.