Дома Фудбал Останато „Марка“ објасни зошто не постои шанса Роналдо да се врати во Реал

„Марка“ објасни зошто не постои шанса Роналдо да се врати во Реал

Кристиано Роналдо летото 2018 година ја изненади јавноста со одлуката да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во дресот на Јувентус.

Роналдо после девет години одлучи да ги напушти „кралевите“ со кој освои се што можеше да се освои. Португалецот за нова дестинација го избра Јувентус и приоритет му е да му помогне на овој клуб конечно да стигне до титулата во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот неодамна дигна многу прашина кога се појави на „Сантијаго Бернабеу“ во натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Потоа се објави и дека Роналдо разговарал со Перез пред дојде. Ова беше доволно за во медиумите да се појават шпекулации дека можно е Роналдо да се врати во Мадрид. Сепак, денес „Марка“ објасни зошто такво нешто не е можно.

Роналдо го напушти Реал во потрага по нов предизвик и поради тоа враќање назад не би имало некоја смисла. Исто така во Јувентус го доби она што од Реал го бараше, а „кралевите“ не сакаа да му го дадат.

Во Јувентус Роналдо има договор до летото 2022 година и плата од 30 милиони, тие услови Реал не сакаше да му ги овозможи и му се нудеше двојно помала плата.

Иако заминувањето на Роналдо секако беше удар за Реал во клубот се задоволни затоа што од него зарабтоија околу 112 милиони евра.

Поради сето ова според „Марка“ враќањето на Роналдо во Реал е невозможно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…