КАРЛО АНЧЕЛОТИ на крајот на сезоната ќе го напушти Реал и ќе стане бразилски тренер, а мадридскиот клуб веќе го најде неговиот наследник.
Радио Марка објави дека нов тренер ќе биде Чаби Алонсо, Шпанец кој сега успешно го раководи Баер од Леверкузен.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Алонсо е еден од најголемите играчи од средниот ред во историјата на Реал, одигра 246 натпревари за мадридскиот клуб и со него освои се што може да се освои.
Алонсо го напушти Реал во 2014 година. Потоа замина во Баерн, а три години подоцна ја заврши играчката кариера и веднаш потоа стана тренер во помладите категории на Реал.
Реал мора да му плати отштета на Баер за Алонсо бидејќи Шпанецот има договор со германскиот клуб до 2026 година.
По пет одиграни натпревари, Баер Леверкузен го дели првото место во Бундес лигата со Баерн, двата тима имаат по 13 бода.