Дома Фудбал „Марка“: Меси и друштвото одбиле да им се намалат платите

„Марка“: Меси и друштвото одбиле да им се намалат платите

Во петокот управата на Барселона одржа состанок со фудбалерите на кој им било предложено да им се намалат платите бидејќи клубот остана без дел од приходот поради пандемијата од коронавирусот.

Каталонците останаа без парите од влезниците, туристичките посети на стадионот и фан шоповите ширум светот. Управата на клубот им предложила на Меси и соиграчите намалување на платите, но „Марка“ сега открива дека ѕвездите на Барселона го одбиле тој предлог откако се советувале со воите финансиски советници.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во клубот ја разгледуваат можноста и за намалување на платите на вработените во Барселона. Меѓутоа јасно е дека главната цел е да се намалат платите играчи бидејќи на нив клубот троши 600 милиони евра, додека на вработените 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…