Според пишувањето на шпанска „Марка“ Барселона имала намера да го доведе Давиде Алаба, но тоа за клубот не било финансиски изводливо.
Алаба како што беше последно објавено изгледа има договор со Реал со кој се очекува да потпише договор на четири години за плата од 10 милиони евра по сезона. Алаба во Баерн дојде во 2008 година како 16 годишник од Австрија. Преговорите со Баерн за продолжување на сорабтоката наводно пропаднале затоа што тој барал плата од дури 20 милиони евра и тоа на Германеците не им паѓало на памет да му го овозможат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона исто така бара нови лица во одбраната, но клубот не стои најдобро финансиски после кризата која ја создаде пандемијата со коронавирусот и големите трансфери во последните години (Гризман, Кутињо, Дембеле). Буџетот на Каталонците би можел да се зголеми ако Меси навистина одлучи да не го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната.