Дома Фудбал Марка: Анчелоти подготвува мала револуција. Најголем победник ќе биде Модриќ

Марка: Анчелоти подготвува мала револуција. Најголем победник ќе биде Модриќ

Реал Мадрид ја пречекува Селта Виго на Сантијаго Бернабеу во натпреварот од 28. коло на шпанската Ла Лига во недела од 18:30 часот, а Mарка пренесува дека Карло Анчелоти подготвува „мала револуција“ во првите 11 за тој натпревар.

Новинарите на Mарка го гледаат Лука Модриќ како најголем корисник од овие промени. „Модриќ беше човекот на одлука против Севиља и Валенсија, а кога влезе во игра против РБ Лајпциг, го донесе токму она што му требаше на Реал за да го смири и реши натрпеварот. На Мадрид му требаше само малку повеќе смиреност и визија во силната нервоза на Бернабеу и тоа се случи со Модриќ“, вели Maрка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај Модриќ во првите 11 се враќа и Брахим Дијаз, а ќе стартува и Родриго. На клупата ќе бидат преместени Едуардо Камавинга, Тони Крос и Џуд Белингем. Анчелоти смета дека Белингем во моментов не е психички на потребното ниво и дека Дијаз, кој најчесто го заменуваше сезонава во првите 11, докажал дека заслужува повеќе можности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…