Алжирскиот фудбалер, Ријад Марез сепак не ја напушти екипата на Лестер ова лето, иако имаше голема желба за тоа.
Марез на почетокот на летото побара трансфер од Лестер, а имаше многу заинтересирани екипи. Прва во редот беше Рома која испрати и неколку понуди на адресата на клубот од Премиер лигата, но нивните понуди беа одбиени.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Проблем целото лето беше тоа што Лестер сакаше 50 милиони фунти за својот играч, а никој не сакаше да плати толку пари за Марез кој зад себе и нема баш најдобра сезона.
Марез во последниве денови од трансфер периодот ги напушти подготовките со репрезентацијата за наводно да го заврши трансферот, а некои медиуми известија дека е виден на аеродром во Барселона. Сепак, на крајот не дојде до договор ниту со една екипа и Марез остана во Лестер.
Сега тој има само една желба – да си замине од клубот во јануари. Тоа нема да биде голем проблем, бидејќи Лестер не игра европски натпреварувања оваа сезона и во кој клуб да се пресели во јануари, може да биде регистриран за натпреварите во Лигата на Шампионите или Лигата на Европа.