Дома Фудбал Останато Марадона победата на неговиот тим ја следеше од кралска фотелја (ФОТО)

Марадона победата на неговиот тим ја следеше од кралска фотелја (ФОТО)

Диего Марадона ја води екипата на Гимнасија кон опстанок во аргентинската Суперлига.

Дека играта на овој тим целосно се промени со доаѓањето на легендата доволно зборува резултатот од 11-тото коло во кое Гимнасија го прегази Њуелс Олд Бојс со убедливи 0:4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Марадона на стадионот во Росарио беше дочекан како крал. Доби големи овации од трибините, а натпреварот го следеше од фотелја покрај теренот. Фотелјата беше донесена во чест на неговиот 59-ти роденден.

И имаше што да види. Неговиот тим го разби фаворизираниот Њуелс со четири гола во мрежата.

После оваа победа тимот на Марадона повеќе не е последен на табелата, сега на таа позиција се најда Году Круз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Булатовиќ со хет-трик го реши Работнички, реми на Брера и Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Пелистер освои важни три бода во битката за опстанок против Работнички славејќи…