Oд 20:45 часот вечерва на „Сан Сиро“ во рамките од Лигата на Нации ќе се сретнат Италија и Португалија.
Во овој натпревар Португалците ќе бидат ослабени поради неиграњето на најголемата ѕвезда Кристиано Роналдо кој се уште не настапил во Лигата на Нации.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Кристиано е еден од најдобрите фудбалери во светот и сигурно дека натпреварот би бил поинаков доколку тој е на теренот. Сите ги знаеме неговите квалитети. Има Португалија и други одлични играчи, посебно во нападот. Верувам дека и покрај отсуството на Роналдо ова ќе биде одличен натпревар, би било подобро тој да е тука. Криво ми е што нема да игра“, изјави Манчини пред натпреварот.
Во групата Португалија е лидер со шест освоени бодови од два натпревари, додека Италија има четири.