Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Виљареал

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Виљареал

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е новата голема трансфер желба на Манчестер Јунајтед.

Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Шпанецот минатото лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и Челзи, но сепак остана во Виљареал.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи Манчестер Јунајтед, кој покажува најсилен интерес и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Торес покажа одлични партии и во Лигата на шампиони, а „црвените ѓаволи“ веруваат дека би бил идеален партнер на Рафаел Варан.

Виљареал за неговата слобода бара 50 милиони евра, но Манчестер Јунајтед ќе мора да ја победи големата конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…