
Манчестер Јунајтед ова лето го продаде Ромелу Лукаку во Интер, а истовремено одлучија дека не е потребно да се донесе нов играч на позицијата деветка.
Солскјер и челниците на Јунајтед очигледно сметале дека Маркус Рашфорд може да ја преземе таа улога, но сега сериозно се сомневаат дека младиот Англичанец може да го задоволи очекувањата.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Солскјер нема многу опции со оглед дека младиот Гринвуд се уште не е спремен, па почна да се шпекулира дека Јунајтед во јануари ќе издвои значајна сума на пари да донесе нов напаѓач.
Опциите за Јунајтед ќе бидат лимитирани во јануари, а Црвените ѓаволи се прилично убедени дека можат да го реализираат трансферот на играчот на Лион, Муса Дембеле.
23-годишниот Французин на првите шест натпревари од новата сезона постигна исто толку голови, а наводно скаути на Јунајтед биле присутни на последните три натпревари на францускиот тим.
За Јунајтед е важен фактот дека Муса Дембеле има значајно искуство со играње на Островот со оглед на тоа дека од 2016. до 2018. година настапуваше во дресот на Селтик.
Сепак, Лион и да сака да го продаде голгетерот во јануари, цената ќе биде висока. Имено, Леион го донесе Дембеле од Селтик минатата година за 22 милиони евра, а неговиот договор важи до 2023. година.