Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Наполи

Манчестер Јунајтед ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Наполи

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Кин Мин, пренесуваат италијанските медиуми.

Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи за неговиот потпис му плати на Фенербахче 18 милиони, а Ким Мин одлично го замени Кулибали и се покажа во одлично светло.

Кореецот го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед кој сака да го доведе на „Олд Трафорд“ на лето.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнедува 50 милиони евра.

Манчестер Јунајтед на лето сака да се ослободи од Мегваер и Линделоф, па доведување на дефанзивец ќе биде еден од приоритетите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…