Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед тргнува по Чалханоглу

Манчестер Јунајтед тргнува по Чалханоглу

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.

Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“,  но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни се далеку од договор.

Ситуацијата будно ја следи Манчестер Јунајтед кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Олд Трафорд“.

Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио, а доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари, може да биде продаден бидејќи „црвените ѓаволи“ веќе спремиле понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат …