Маркус Турам е еден од најбараните напаѓачи бидејќи неговиот договор со Мехенгладбах истекува на крајот на сезоната.
Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 13 гола и 5 асистенции во Бундеслигата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Французинот истакна дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на шампиони, па неколку гиганти ја почнаа трката за неговиот потпис.
Манчестер Јунајтед и Интер се заинтересирани за Французинот и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Медиумите на Островот тврдат дека „црвените ѓаволи“ се фаворити за неговиот потпис, бидејќи нивната понуда е финансиски најдобра.