Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спреми 120 милиони за Кавани и Хамес

Манчестер Јунајтед спреми 120 милиони за Кавани и Хамес

Без разлика на исхотот на сезоната јасно е дека на лето ќе има голема реконструкција на тимот на Манчестер Јунајтед.

Неколку фудбалери сигурно ќе го напуштат „Олд Трафорд“, но менаџерот Солскјер ќе има на располагање голем буџет за нови засилувања.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми денес откриваат дека „црвените ѓаволи“ спремиле 120 милиони евра за две јужноамерикански ѕвезди. Станува збор за напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани и Хамес Родригез од Реал Мадрид.

32-годишниот Кавани е еден од најдобрите голгетери во Европа со 192 гола во 272 меча за ПСЖ. Солскјер во него гледа идеална замена за Лукаку кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Уругваецот на лето ќе влезе во последната година од договорот и ПСЖ е спремен да го продаде доколку пристигне понуда од 60 милиони евра.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да платат 60 милиони евра и за колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез.

Него му завршува позајмицата во Баерн Минхен,а јасно е дека за него нема место во Реал Мадрид, кој ќе се обиде да заработи на неговата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…