Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми понуда за Мората

Манчестер Јунајтед спреми понуда за Мората

Манчестер Јунајтед спрема конкурентна понуда за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, пренесуваат италијанските медиуми.

Откако стана јасно дека Марко Арнаутовиќ нема да се пресели на „Олд Трафорд“, раководството на „црвените ѓаволи“ стапи во контакт со агентот на Мората, Хуан Лопез. Сепак, Атлетико нема да се раздели со шпанскиот репрезентативец доколку прво не обезбеди негова замена.

Изминатите две сезони Мората играше како позајмен во Јувентус, но „бјанконерите“ не ја активираа опцијата за откуп во неговиот договор. Италијанскиот гигант се надеваше дека ќе го задржат Мората, но за помала сума.

Мората не сака да остане во Атлетико, па неговите агенти се во контакт со Манчестер Јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ спрема понуда.

Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…