
Сагата на трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед е при самиот крај.
Така барем тврдат авторитетните англиски медиуми кои откриваат дека двата клуба се блиску до договор за трансфер тежок 75 милиони фунти.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Јунајтед го сакаше Санчо уште минатото лето, но тогаш Борусија бараше неверојатни 108 милиони фунти, па двете страни не стигнаа до договор.
Санчо има комплетен договор со „црвените ѓаволи“ и инсистира да се пресели на „Олд Трафорд“, а Борусија Дортмунд има финансиски проблеми и мора да го продаде Англичанецот.
Неговата цена падна поради слабата сезона, но и поради финансиските загуби на клубовите поради пандемијата.