Во текот на вчерашниот ден „бомбастично“ одекна информацијата дека Матијас де Лихт може да се пресели во Манчестер Јунајтед. Но, веќе денес „Скај Спорт“ објави дека „црвените ѓаволи“ се откажале од трката за Холанѓанецот.
Каталонското радио „РАК 1“ пишува дека Јунајтед е многу блиску до ангажман на Де Лихт и дека спремиле понуда која Холанѓанецот едноставно нема да може да ја одбие.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, еминентниот „Скај Спортс“ од свои извор пренесува дека Манчестер Јунајтед се откажал од намерата да го ангажира младиот стопер.
Тоа повторно ја прави Барселона фаворит за доведување на 19-годишниот стопер, особено поради фактот што и самиот Де Лихт преферира преселба на „Камп Ноу“.
Ајакс за словодата на својот капитен бара 80 милиони евра, но Каталонците ќе се обидат преку преговори да ја намалат цената на дефанзивецот, а во прилог им одат добрите односи со холандскиот клуб.